Денеска СВР Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против 32-годишниот В.Ј. од Куманово, поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело обид за убиство.
„На 08.08.2024 во 03.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.Ј.(32) од Куманово. Тој се сомничи дека околу 03 часот во дворот од неговиот дом во Куманово, по претходна расправија околу ваучери за играње во казино каде двајцата биле вработени и физичка пресметка, со остар предмет му нанел убодна рана на С.М.(35) од Куманово. С.М. бил пренесен во болницата во Куманово за укажување лекарска помош“, соопшти МВР.