Почината жена пронајдена во својот дом во Охрид, ќе биде извршена обдукција

lenta-policiska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 13.50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во својот дом во Охрид била пронајдена почината 45-годишната С.П. од Охрид, извести СВР Охрид.


„Лекар од Итната медицинска помош од Охрид констатирал смрт без траги на насилство“, велат од СВР Охрид.

Увид извршија полициски екипи, а по наредба на јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK