Почина жената којашто пред еден месец беше застрелана од тетовец на патарината во Прешево

Policija-Srbija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Почина триесетгодишната В.Ј. од Србија, којашто пред точо еден месец беше застрелана од страна на маж од Тетово на патарината во Прешево.


Како што објави српската новинска агенција „Танјуг“, жената и покрај напорите на лекарите во болницата во Ниш, вчера им подлегнала на повредите.

Како што претходно објави „Макфакс“, таа на 8 март беше  со пиштол застрелана неколкупти од македонски државјанин од Тетово, по што тој се самоуби пукајќи си во главата.

Тие биле заедно во автомобилот, а по кратка расправија девојката излегла од автомобилот и почнала да бега, кога мажот и се приближил и почнал да пука.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK