Полицијата соопшти дека привела пет малолетни момчиња од Куманово, кои во понеделникот нападнале нивни врсници во центарот на градот.
„Тие се сомничат дека на 2 декември, на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, физички нападнале неколку други малолетници. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопшти МВР.
Еден од нападнатите средношколци се здобил со повреда на главата од метален боксирач, по што побарал лекарска помош.