Синоќа во 21.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на бул.„Туристичка“ во Охрид, 42-годишната А.Ѓ. од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубила контрола и паднала на коловозот.
Во несреќата А.Ѓ. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Истиот ден во 09.30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на крстосница од улиците „Лена Туриманџова“ и „Бел Камен“ во Кавадарци, С.К.(66) од Кавадарци, управувајќи мопед со кавадаречки регистарки ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата С.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци.
По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.