Осуденик од тетовското село Јеловјане бил физички нападнат од двајца осуденици од Скопје во затворот „Идризово“, информира Министерството за внатрешни работи.
Повредениот бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што му била укажана лекарска помош, а потоа бил вратен назад во казнено-поправната установа „Идризово“.
Вчера во 15:33 часот, во полициската станица Гази Баба, од Казнено-поправната установа „Идризово“ било пријавено дека истиот ден, околу 06:30 часот, осуденикот А.А. (27) од село Јеловјане, Тетово, бил физички нападнат од двајца осуденици – Т.Е. (32) и М.Ш. (50), двајцата од Скопје, се наведува во соопштението од МВР.
Од Министерството дополнуваат дека увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Гази Баба, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.