Основното јавно обвинителство Битола го доби наодот од извршената обдукција за причината за смртта на новороденче

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

До Основното јавно обвинителство Битола пристигна наодот од извршената обдукција за причината за смртта на новороденчето кое во април, почина во ЈЗУ Клиничка болница-Битола.

Надлежен јавен обвинител го разгледа наодот, а во текот на утрешниот ден ќе издаде наредба до Институтот за судска медицина во Скопје за вешт наод со кој ќе се утврди евентуална причинско-последична поврзаност меѓу причината за смрт и породувањето.



-Надлежниот јавен обвинител ги презема сите неопходни дејствија за испитување на настанот и евентуална кривична одговорност. Нагласуваме дека во оваа фаза од постапката, секое јавно изнесување на доказите од засегнатите страни, нанесува штета и ја компромитира постапката. Сите страни се обврзани да ги почитуваат законските одредби за тајност на предистражната постапка, информираа од ОЈО-Битола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK