Оштетување со спреј во боја на 11 сообраќајни знаци во Кичево, поднесена соодветна пријава

SHtraf-za-znak-stop.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера, во 15.40 часот, во ОВР Кичево е пријавено оштетување со спреј во боја на 11 сообраќајни знаци, кои се поставени покрај коловозната лента од улицата Магистрален пат до битолската крстосница, во близина на кичевското село Другово.


Според членот 190 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, „на сообраќајниот знак и на столбот на кој е поставен знакот, забрането е да се става сè што не е во врска со значењето на сообраќајниот знак и забрането е неовластено поставување, преместување, отстранување и оштетување на сообраќајните знаци и на опремата на патот или измена на значењето на сообраќајните знаци“. ОВР Кичево презема мерки за расчистување на настанот по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK