Вчера вечер во 21.42 часот во СВР Скопје, 46-годишниот Г.Ц. од Скопје пријавил дека на подрачје на општина Аеродром било опожарено неговото патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, извести МВР.
– Според пријавеното, тој самиот го изгаснал пожарот, додаваат од МВР.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.