Денеска во 02.45 часот во ОВР Виница 36-годишниот М.Ѓ. од Виница пријавил дека во Виница било опожарено неговото патничко возило „ауди“, со винички регистарски ознаки, извести МВР.
Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Виница. Повредени лица нема. Известен бил Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.