Охриѓанец загина во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Битола – Ресен

Охриѓанец-загина-во-тешка-сообраќајна-несреќа-на-магистралниот-пат-Битола.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

50-годишен охриѓаец загина, а уште тројца се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случи вчеравечер на магистралниот пат Битола – Ресен, кај селото Братиндол.



Несреќата се случила по 19 часот, а се судриле две патнички возила „бмв“ и „клио“. Автомобилот „бмв“, го управувал 24-годишниот Б.Н., а со него бил и 25-годишниот К.Ш., двајцата од Ресенско.

Лицето што загина, управувало со „рено клио“, а во возилото имало и сопатничка, 55-годишната Н.С. од Охрид.

Екипата на СВР Битола изврши увид на лице место. Сообраќајот на патот Битола – Ресен е нормализиран.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK