Охриѓанец со „фиат“ излетал од коловоз, четворица повредени меѓу кои и две деца

soobrakajka.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 23.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Железничка“ во Охрид, патничко возило „фиат“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот С.Д. од Охрид, излетало надвор од коловозот, извести МВР.


„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Е.Д.(34) од Охрид, а со телесни повреди се здобиле возачот С.Д. и двајца малолетни сопатници, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK