Одземено товарно возило во Охрид: било натоварено со огревно дрво без дозвола

Одземено-товарно-возило-во-Охрид-било-натоварено-со-огревно-дрво.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 09.45 часот на улицата „Кленоец“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид од З.Н.(58) од Охрид одзедоа товарно моторно возило „Там“ со струшки регистарски ознаки, натоварено со четири метри просторни огревно дабово дрво за кои не поседувал документација.


Дрвната маса, возилото и други предмети биле одземени и предадени на шумска полиција и сместени во стовариште на Ј.П. „Национални шуми“ во Охрид.

По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK