Натепани сопруги, татко ја нападнал ќерката, мајка удрила по синот – пет случаи на семејно насилство забележа МВР

devojka-nasilstvo-siluvanje-hronika.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Маж ја нападнал сопругата, татко својата ќерка, а мајка удрила по синот. Во полицискиот дневен билтен регистрирани се пет случаи на семејно насилство.


Вчера во 12.45 часот, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишиле од слобода С.С.(61) од пробиштипско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 34-годишна ќерка дека физички ја нападнал во семејниот дом.

Истовремено, 44 – годишен маж од Скопје пријавил дека на 14 август во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата мајка И.Е..

Вчеравечер во 20.40 часот во СВР Скопје, 19 – годишна жена пријавила дека во дворот на семејната куќа на подрачјето на Чаир била физички нападната од нејзиниот вереник Л.Џ.(20).

Дваесет и деветгодишна жена пријавила дека на 11 август околу 02.00 часот во штипско била физички нападната од нејзиниот сопруг С.К.(36).

Денеска во 03.40 часот во СВР Скопје, 44 – годишна жена од Скопје пријавила дека на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг Ш.М.(37).

Од МВР велат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK