Скопјанец добил закани по телефон на полноќ, а потоа три лица се обиделе да го нападнат во подземна гаража во скопската населба Карпош.
„На 07.10.2023 околу 00.30 часот во СВР Скопје, М.Ш.(27) од Скопје пријавил дека околу 00.00 часот по телефон едно лице му упатило закана, по што подоцна во подземна гаража на подрачје на Карпош три лица се обиделе физички да го нападнат“, објави МВР во дневниот билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.