Насилство во Чаир: две млади момчиња завршија во болница – едниот со убоди, другиот со повреди од пиштол

Со-пиштол-пукал-кон-сестра-си-и-нејзините-синови-–.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Неколку лица нападнаа две млади момчиња на возраст од 22 и 23 години во скопската населба Чаир.


Нападот бил пријавен во полицијата вчера напладне, а момчињата биле нападнати со огнено оружје и нож.

„А.П.(23) бил повреден со остар предмет, додека А.П.(22) се здобил со повреди од огнено оружје“, велат од МВР.

Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Засега нема информации кои стоел зад нападот, ниту за причините.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK