­

Насилство на фудбалски натпревар во Дебрца: нападнат фудбалер на гостинската екипа кој завршил во болница


sudija-fudbal-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Синоќа во селото Волино, општина Дебрца, полицијата го приведе С.Б.(43) од истото село.


Тој, по завршување на фудбалски натпревар од Третата фудбалска лига во Волино, физички го нападнал Р.Н.(25) од ресенското село Грнчари, фудбалер од гостинската екипа, кој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување помош.

По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK