Вчера, околу 15 часот и 30 минути во Полициската станица Тетово се пријавиле 48-годишниот Б.А. и 53-годишниот М.А. од тетовско Ларце, кои претходниот ден биле пријавени од 25-годишниот Н.А. од гостиварско Калиште дека околу 20 часот и 30 минути во спортска сала во Тетово, додека извршувал новинарски задачи со негова колешка, му се заканувале, а дека М.А. и физички го нападнал, извести СВР Тетово.
Се расчистува и документира случајот.