Сообраќајка, па физички напад.
Сообраќајната драма била пријавена во полицијата во Струмица во текот на вчерашниот ден.
„Д.А.(25) од селото Дедино, Радовишко, пријавил дека околу 09.00 часот во Струмица, додека управувал товарно возило „рено“ со струмички регистарски ознаки, по претходна сообраќајна незгода, возачот од другот возило – комбе, физички го нападнал Д.А., употребуваќи тврд предмет, а потоа со остар предмет го оштетил неговото товарно возило инаку во сопственост на фирма“, информираа од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.