Вчера во 20:20 часот во СВР Скопје, 49-годишниот С.С. од Скопје, пријавил дека, додека извршувал работни задачи како возач на автобус на ЈСП Скопје, на автобуска станица на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице.
Според пријавеното, претходно лицето се обидело да влезе небезбедно во автобусот, односно додека бил во движење на булевар, но тој не застанал со автобусот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.