Најден хероин при преглед на возило на патарина

Претреси-во-Скопје-пронајдена-дрога.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 5 јануари околу 22 часот полицијата ги приведе  А.И.(30), С.К.(26), двајцата од Велес и Б.С.(28) од Кавадарци.


Имено, како што информираа од МВР во дневниот полициски билтен,  на наплатна станица „Сопот“,, при контрола на „мерцедес“ управуван од И.А., а сопатници биле С.К. и Б.С., кај С.К. бил пронајден и одземен хероин.

„С.К бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител.  По документирање на настанот, против С.К. е поднесена кривична пријава за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, казниво по член 215 од КЗ,  и по наредба од Основен суд Велес, на 06.01.2024, тој бил спроведен во Казнено поправна установа Затвор Скопје-Скопје за издржување на изречена мерка притвор во траење од 30 дена“, велат од МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK