Казнети се 89 возачи на територијата на СВР Битола во вчера спроведената засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната.
Од вкупно 89 возачи, информираа денеска од МВР, 57 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 32 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Од МВР најавија дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.