Вчера во 16.00 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 42-годишниот Ш.А. од Косово затоа шти при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека приложил фалсификувана полска возачка дозвола.
Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка.