Вчера во 23.50 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода 29-годишниот П.Е. од кавадаречко, затоа што по извршени проверки било констатирано дека патничкото возило „ауди а6“ со британски национални ознаки, кое го управувал, било предмет на потрага по барање на Интерпол-Велика Британија, откако на 09.02.2024 било пријавено дека било одземено, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка.