На Табановце уапсен 20-годишник од Полска, на увид дал фалсификуван пасош

tabanovce.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 17.20 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода 20-годишниот Д.П.К. од Република Полска затоа што при пасошка контрола било констатирано дека на увид приложил фалсификувана патна исправа.


Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово за понатамошна постапка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK