Вчера во 23.00 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го привеле 19-годишниот К.С. од Република Албанија затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека лицето приложило туѓа патна испарава, извести МВР.
Тој бил предаден на Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово за понатамошна постапка, соопшти МВР.