Во полицијата во Берово пријавен е случај на училишно насилство врз малолетник. Мајка на ученик пријавила дека од училиштето била информирана дека на интернет биле пуштени експлицитни фотографии од нејзиниот син.
„На 02.11.2023 во 14.00 часот во Полициската станица Берово, жена од Берово пријавила дека од училиштето во кое учел нејзиниот малолетен син била информирана дека на социјална мрежа биле пуштени експлицитни фотографии од нејзиниот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – стои во известувањето од МВР.