Вчера во 06.50 часот на Граничниот премин Делчево, полициски службеници ги привеле 63-годишната Ц.Е.Б. и 31-годишната Т.Ц.Б., двете од Република Бугарија, затоа што при пасошка контрола и проверка било констатирано дека престојувале нелегално во државата, извести МВР.
Тие биле предадени на полициски службеници во Полициската станица Делчево за понатамошна постапка.