На „Богородица“ уапсен маж од Косово, на увид дал фалсификувана германска возачка дозвола

На-„Богородица-уапсен-маж-од-Косово-на-увид-дал-фалсификувана.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 20.30 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишиле од слобода 35-годишниот С.А. од Косово затоа што при контролата на увид дал фалсификувана германска возачка дозвола, а македонската дозвола за привремен престој на странец била со изминат рок на важење, извести МВР.


Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка, за настанот бил известен јавен обвинител.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK