На aеродром Скопје на летот за Цирих, во куфер на гостиварчанка бил пронајден пиштол

На-aеродром-Скопје-на-летот-за-Цирих-во-куфер-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, вчера во 18 часот од оператор на обезбедување при ТАВ Македонија било пријавено дека при рентген контрола на багаж на летот за Цирих, Швајцарија, во еден куфер бил пронајден пиштол.



Полициски службеници, во придружба на рентген операторот, информираа денеска од МВР, извршиле увид и во куферот на И.М.(76) од Гостивар пронашле пиштол „Ekol Jackal Dual“.

– Со И.М. бил извршен разговор, при што таа изјавила дека пиштолот припаѓа на нејзиниот син и заборавила дека е во куферот. Пиштолот бил одземен и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, појаснуваат од МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK