Денеска во 02.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Ангел Динев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“, управувано од 32-годишната Е.С. од Скопје и патничко возило „ауди“, управувано од 27-годишниот Б.А. од село Сарај, скопско, двете со скопски регистарски ознаки, извести МВР.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Возачот Б.А. се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „8 Септември“, додека неговиот сопатник И.А.(32) од с.Љубин, скопско, исто така, се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.