МВР со детали за пожарот во Визбегово: Опожарени четири товарни возила

Пожар-во-пензионерски-дом-во-Скопје-едно-лице-пренесено-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 21.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во круг на фирма на ул.„Качанички пат“ во Скопје, чиј што управител е А.И.(47) од с.Брест, скопско, биле опожарени четири товарни возила, сопственост на фирмата.


Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и било констатирани дека целосно биле опожарени товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки со приколка, товарно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки со приколка и товарно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки со приколка, додека делумно било опожарено товарно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки со приколка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK