Вчера во 10.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од 28-годишната М.А. од гостиварско Врапчиште и мотоцикл „хонда“ што го управувал 65-годишниот гостиварец С.Ц., двете со гостиварски ознаки.
Во несреќата С.Ц се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“.
На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.