Mлади тетовци и две деца фатени во колиба додека пакувале марихуана, едниот нападнал полицаец

marihuana-joint.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кривични пријави заработија тетовци на возраст од 22 и 23 години поради производство на дрога. Помалиот нападнал и полицаец.


Според информациите од МВР, во средата, по претходно добиени оперативни информации тие биле приведени со уште двајца малолетници во селото Палатица.

Затекнати биле на местото викано „Рон Скура“ во импровизирана колиба, каде препакувале марихуана за натамошна продажба. Притоа, биле пронајдени и пиштол и куршуми.

Од страна на судија на претходна постапка од Основен суд Тетово, на прво и второ пријавениот одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK