Млада девојка од Арачиново со автомобилот удрила во полицаец при акција за продажба на дрога

Млада-девојка-од-Арачиново-со-автомобилот-удрила-во-полицаец-при.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Апсења и инциденти се одвивале вчера на подрачјето на Гази Баба при полициска акција за дрога.



Од МВР информираа дека приведен е В.Д. (34) од Скопје, а кој биле обезбедени докази дека продава дрога, а при преглед на неговото возило бил најден хероин.

Во врска со настанот,  извршени биле претреси на три локации во Скопје. При еден од претресите, исто така, на подрачјето на Гази Баба, полициските службеници затекнале две женски лица кои одбиле да се легитимираат. Една од нив со патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки го напуштила местото и притоа со возилото удрила еден од полициските службеници.

По преземени мерки било констатирано дека се работи за лицето А.Ј.(26) од с.Орланци, општина Арачиново, која набргу била пронајдена и приведена.

МВР најави пријави.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK