Минофрлачка граната од Првата светска војна пронајдена во Битолско

Минофрлачка-граната-од-Првата-светска-војна-пронајдена-во-Битолско.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 11.50 часот во Полициското одделение Новаци, 54-годишниот Љ.Б. од село Добрушево, битолско, пријавил дека во дворот од неговата куќа пронашол минофрлачка граната калибар 62мм од Првата светска војна. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола ја подигнал експлозивната направа за понатамошна постапка, извести МВР.


Вчера во 11.40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во атар на село Пашино Рувци, прилепско, била пронајдена артилериска граната. Од увидот било констатирано дека се работи за артилериска граната од 105мм од Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување, соопшти МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK