Мигранти од Сирија откриени на автопатот Демир Капија-Неготино, приведен возачот кој ги превезувал

Приведен-криумчар-на-мигранти-пронајдени-девет-лица-од-Сирија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Синоќа во 23.10 часот на автопатот А1 во близина на Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Ќ.Ш.(24) од Студеничани, скопско.



Претходно, на автопатот Демир Капија-Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово откриле 15 лица мигранти од Сирија кои изјавиле дека биле превезувани со возило мерцедес со скопски регистарски ознаки, за кое подоцна било констатирано дека го управувал Ќ.Ш..

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во кординација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK