Вчера вечер, во 23.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Гостивар – село Вруток, во село Здуње, патничко моторно возило „џип“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 58-годишниот З.С. од гостиварски Вруток, удрило во 61-годишниот А.Ш. од гостиварско Врбјани, извести МВР.
„Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани од Медицински центар Гостивар“, соопшти МВР.
Увид извршила екипа од ОВР Гостивар.