Седумдесет и шестгодишен велешанец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 18.000 денари.
Според пријавеното, лицето дошло во неговиот двор и му понудило да му продаде шест кубни метри огревно дрво по цена од 3.000 денари за кубен метар. Како што е пријавено, откако му ги дал парите лицето му кажало дека ќе оди да ги товари дрвата, по што заминало и не се вратило.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.