Маж од Дебар заврши во притвор оти со уцени и закани добил безбедносен код од стан на жена, па и’ украл околу 40.000 евра

apsenje-pritvor.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Триесет и едногодишен маж од Дебар заврши во притвор во времетраење од 30 дена поради уцена и тешка кражба.


„На 3 април, по упатени закани и уцени кон 33-годишна жена од Дебар, пријавениот го добил безбедносниот код од нејзиниот дом и откако влегол, одзел повеќе златни и други вредни предмети и пари во различни валути и апоени со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 40.000 евра“, објави МВР во дневниот билтен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK