Вчера вечер во 23.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 25-годишниот А.А. и неговите браќа А.А. и А.А., од една страна и 27-годишниот К.О. и Ј.Н. и Н.И., од друга страна, сите од Скопје, извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.