Малолетник украл пари од турист од Сингапур во скопска чаршија

Малолетник-украл-пари-од-турист-од-Сингапур-во-скопска-чаршија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK


Вчера во 16.25 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар при СВР Скопје е лишен од слобода 16-годишник од Скопје. Според пријавеното, малолетникот околу 15.30 часот во старата Скопска чаршија му одзел пари на турист од Сингапур, а одземените пари се пронајдени кај него и вратени на сопственикот.
По целосно документирање на случајот од ЕВР Центар и Бит Пазар ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“, казнива по чл.236  ст.1 т.3 од Кривичниот законик, а против Д.Ј., мајка на малолетникот ќе биде поднесена кривична пријава „запуштање и малтретирање на малолетно дете“ казниво по чл.201 од Кривичниот законик.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK