Тепачка пред средно училиште во Тетово, двајца ученици со повреди од остар предмет се пренесени во болница, а уапсено е едно лице.
Според информациите од МВР, вчера полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 15-годишник од с. Желино, постапувајќи по пријава истиот ден во 16:40 часот од Клиничка болница Тетово дека кај нив биле донесени А.К. (19) и М.А. (18) со повреди од остар предмет.
По преземени мерки, утврдено е дека тие пред средно училиште во Тетово биле нападнати со остар предмет од 15-годишникот, кој исто така се здобил со повреди.
Извршен е увид на местото на настанот и при тоа пронајдени се нож и штрафцигер.
Известен јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.