Вчера вечер во 23.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Христо Татарчев“ мопед „пијаџио“ со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Скопје удрил во 47-годишниот Т.С. од Скопје, извести МВР.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.