Малолетник прободен со нож кај транспортниот центар во Скопје

нож1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 14.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со убодни рани бил донесен малолетник од с.Кучевиште, скопско.


Според пријавеното, кај Транспортен центар во Скопје тој бил физички нападнат од група малолетници, при што еден од нив со остар предмет му нанел убодни рани.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK