Синоќа во полицијата К.П.(36) од Скопје пријавила дека околу 20.55 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, неколку машки лица со употреба на физичка сила и закана со остар предмет од нејзиниот малолетен син и негов малолетен другар одзеле пари и лични предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот полициски билтен.