Лишени од слобода четири лица од Гостивар за шест тешки кражби

PRIVEDEN -LISICI
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници на СВР Тетово – ОВР Гостивар, вчера во периодот од 13:30  до 16:40 часот, на улица „18 Ноември“, булевар „Браќа Ѓиновски“, улиците „ЈНА“ и „Борче Велјановски“ во Гостивар ги лишиле од слобода лицата со иницијали Е.А.(19), Л.Х.(20), З.А.(20) и еден малолетник, сите од Гостивар.

Од МВР информираат дека лицата се сомничат за сторени шест тешки кражби во станови. Одземените предмети биле пронајдени и ќе им бидат вратени на сопствениците.


Лицата, како што е наведено во соопштението од МВР, се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK