Лажно пријавила дека сопругот ја претепал: Уапсена 40-годишна жена во Дебарско


policija-foto-mvr-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата од Дебар синоќа во 22:10 часот ја приведе 40-годишната С.Р. од дебарско село поради лажно пријавување кривично дело.


Таа претходно во полициската станица лажно пријавила дека била жртва на семејно насилство, тврдејќи дека била физички нападната од нејзиниот сопруг.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека приведената се товари по член 366 од Кривичниот законик за лажно пријавување на кривично дело. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK