Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Х.Ч.(20) од село Топлица, гостиварско.
Таа според полицијата се сомничи за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.
Имено на 05.07.2023, осомничената во полициска станица лажно пријавила дека претходниот ден Ф.Т. извршил полови дејствија над неа.