Залутан куршум од ловџиска пушка заврши во раката на маж од Штип, кој работел во својата нива, во атарот на селото Долни Балван, општина Карбинци.
„А.М.(33) од селото Чардаклија, Штипско бил повреден во пределот на раката од заталкано зрно од ловџиска пушка“, соопшти МВР.
Тој бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид.